Хенкок: Драстичен пад на бројот на заболени од новите мутации на коронавирусот во Велика Британија

Од:

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска изјави дека бројот на случаи со новите мутаците на коронавирус низ Велика Британија драстично е опаднат и посочи дека ова значи дека функционираат мерките за границите.

-Во последната недела имаше околу десетина вакви случаи, што е многу помалку отколку пред неколку недели, изјави Хенкок за „Скај њуз“.

Според министерот, функционираат дополнителните мерки што се преземаат на границата, пренесе британскиот весник „Гардијан“.

-Што се однесува на меѓународните патувања, тие ќе бидат разгледани врз основа на влијанието на вакцината врз новите мутации на коронавирусот од Јужна Африка и Бразил. Доколку вакцината добро делува против нив, тогаш можеме да бидеме многу порелаксирани во однос на меѓународните патувања, рече Ханкок.

Доколку вакцината не делува против нив, додаде Хенкок, тоа ќе биде многу, многу потешко.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он