Претседателот на САД, Доналд Трамп постапи правилно и машки, со признавањето на Ерусалим за главен град на Израел, но конечната одлука за статусот на градот треба да ја донесат Израелците и Палестинците, изјави амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли.
– Тоа е точно, бидејќи е факт – Ерусалим е главен град на Израел, изјави Хејли во интервју за телевизијата Си-Би-Ес и изрази мислење дека мир ќе настапи кога и двете страни ќе ја признаат реалната состојба на работите.