Хејли: Исламските земји многу зборуваат, но не им помагаат на Палестинците

Од:

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли ги критикуваше арапските и исламски држави поради тоа што многу зборуваат за помош на Палестинците, но не даваат пари за тоа.

Хејли истакна дека се работи за Египет, Кувајт, ОАЕ, Алжир, Тунис, Пакистан, Оман, Иран и Турција кои не дале пари во ОН на агенција која им помага на палестинските бегалци.

– Ниту една група држави не е толку силна на зборови како арапските соседи на Палестинците и другите членки на Организацијата на исламски држави, изјави Хејли.

Таа упати критики и до Кина и Русија бидејќи само зборуваат за палестинскиот проблем, но даваат само 350.00 долари (Кина) и два милиона долари (Русија) за агенцијата за помош на палестинските бегалци.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште