Харис повика на реформи во изборниот систем на САД

Од:

САД нема повеќе да бидат пример за успешна демократија кај другите земји во светот ако не можат да спроведат реформи на своето избирачко право, истакна потпретседателката Камала Харис во интервју за телевизијата Си-би-ес.

Според неа, луѓето низ целиот светот во САД гледаат модел за „способноста на соживот на демократијата со економската сила и моќ“. Притоа, потпретседателот истакна дека таквата состојба во земјата може да се разниша, ако во Конгресот не го усвои нацрт законот за реформи на избирачкото право.

-Може да не снема од картата што не покажува како пример за имитација, ако дозволиме да се урне еден од најважните столбови на демократијата, а тоа се слободните и фер избори, изјави Харис.

Таа истакна дека за многу Американци овој проблем не е важно прашање, иако, според неа, треба да биде.

Претседателот Џо Бајден во повеќе наврати претходно ги критикуваше сенаторите републиканци поради топ што неколку пати (во јуни и октомври годинава) ја блокираа иницијативата за реформа на некои делови од регулативата на изборниот систем на САД.

Овој закон е одобрен од Претставничкиот дом уште во март. Меѓудругото, предвидува проширување на можноста за регистрација на избирачите, гласање по пошта и предвремено гласање.

Претседателските и конгресните избори во САД се одржаа лани на 3 ноември. Во услови на пандемија, гласачките ливчиња можеше да бидат порачани по пошта, да се гласа дома и да бидат испратени до изборните комисии.

Републиканците и поранешниот претседател Доналд Трамп, кој на функцијата се наоѓаше до јануари годинава, се против либерализација на изборните права поради наводни можности од фалсификација. Некои републиканци и Трамп сè уште се повикуваат на тоа дека на изборите лани имало нарушувања и не ги признаваат резултатите и победата на Бајден.

Би можело да ве интересира

Палестинците јадат лисија, децата умираат, нема веќе изговори за Израел порача заменичката на Бајден

Катерина Ѓуровски

Харис: САД нема да дозволат принудно преселување на Палестинците од Газа или Западниот Брег

Горан Наумовски

Харис: Русија е очигледно многу очајна, тие веќе доживеаја стратешки неуспех

Камала Харис: Правото на абортус е загрозено во сите американски држави

Горан Наумовски

САД: Потпретседателката Харис со позитивен тест за Ковид-19

А1он

Забрана за влез во Русија и за Камала Харис и Марк Закерберг

А1он