Хаос во Париз, нова заложничка криза

Од:

Во Париз во тек е нова заложничка криза, а дојде и до пукање. Не е јасно засега дали оваа криза е поврзана со прогонот на браќата кои пукаа во редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“, но сигурна има врска со вчерашното убоство на полицајката Клариса Жан Филип.

Полицијата потврди дека има нова заложничка криза и дека киднаперот е тешко вооружен припадник на исламскиот тероризам кој држи повеќе луѓе како заложници. Двајца цивили се убиени, а неколкумина биле ранети во супермаркетот каде се наоѓа киднаперот.

248AD46C00000578-2903380-image-a-32_1420811439034

Полицијата го идентификува како Амеди Кулибеј, на 32 годишна возраст, кој е со панцир и со автоматска пушка “калашњиков“. Се тврди дека има и соучесник во заложничката драма, а тоа е 27 годишна жена, која е идентификувана како Хајат Бумедиен, и која исто е вооружена со калашњиков.

2489A9C100000578-2903380-image-a-11_1420807652496

-Супермаркетот околу кој моментално се случува другата заложничка криза се наоѓа на улицата Албер Вилмец, во источен Париз. Тоа е улицата која се наоѓа спроти главната раскрсница во тој дел на градот и се работи за кошер супермаркет (продавница специјализирана за еврејска храна). Купувачите и продавачите се заробени долу во подрумот на супермаркетот.

559037_pariz-01_f

„Фигаро“ јавува дека на местото се упатил францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенов.

Осомничениот наводно на полицијата и рекол: „Вие знаете кој сум јас“.

Полицијата го евакуриа целиот кварт на Париз, каде се наоѓа овој супермаркет.
Гардијан пренесува дека киднаперот држи пет луѓе, меѓу кои има жени и деца.

248AD67A00000578-2903380-image-a-36_1420811526469

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна