Хаос во Брисел: Закани за можен терористички напад

Од:

Во главниот град на Белгија владее паника откако на социјалните мрежи се споделуваат закани за можен терористички напад во линиите на метрото.

Полицијата во Брисел била контактирана откако Европската комисија примила две заканувачки пораки за експлозии на руски јазик. Во мејлот се наведува дека експлозиите ќе се случат денеска, пишува „Брисел тајмс“.

„Brussels Times“ пишува дека на социјалните мрежи кружат непроверени информации за потенцијален терористички напад на линиите 2 и 6 на метрото во Брисел. Но, додека Националниот кризен центар на Белгија посочи дека заканата довела до дополнителна будност, тие рекоа дека „различни неубедливи елементи покажуваат дека нападот е малку веројатен“.

Со оглед на тоа што јавниот превоз во Брисел веќе е во прекин поради разни штрајкови на синдикатите, јавноста веќе беше претпазлива кога станува збор за јавниот превоз. Многу патници утринава видоа извештаи на социјалните мрежи дека полицијата ја следи заканата за бомба.

Американските граѓани во Брисел добија пораки од американската амбасада со барање да бидат безбедни додека патуваат, особено на метро линиите 2 и 6 меѓу станиците Исер и Рожие.

Весникот „Ле Соар“ пренесува дека споменатата електронска пошта до ЕК дошла од човек кој двапати контактирал со Европската комисија, прво на 16 февруари, а потоа и на 3 март. Неговата порака, на руски, предупреди дека „во светло на континуираната агресивна политика на ЕУ, со ова ве предупредувам за големи терористички напади на територијата на ЕУ“.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел

ВИДЕО: Терористот од Брисел е мртов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористот од Брисел застрелан во кафуле, не се знае дали преживеал

Катерина Ѓуровски