Хант: Трошка надеж за договор со лабуристите за Брегзит

Од:

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант денеска изјави дека постои „трошка надеж” дека неговата Конзервативна партија ќе постигне компромис за Брегзит со опозициската, Лабуристичка партија.

Сепак, тој не смета дека предлогот на лабуристите за царинска унија со ЕУ би бил долгорочно решение.

– Трошка надеж постои во тоа дека и гласачите од конзервативното јадро и гласачите од лабуристичкото јадро сакаат да заврши приказната за Брегзит и би биле многу лути на партиите за коигласале ако треба да спроведеме уште едни парламентарни избори пред да заврши Брегзит, рече Хант.

-Ако можеме да најдеме решение кое овозможува корист од царинската унија без вклучување во тековните аранжмани, тогаш мислам дека постои потенцијал за договор, заклучи британскиот дипломат.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ