Ханија: Израел продолжува со политиката на окупација

Од:

Претседателот на политичкото биро на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Нафтали Бенет не прифаќаат никакво политичко решение, вклучувајќи и формирање палестинска држава во границите од 1967 година.

-Бајден и Бенет не прифаќаат никакво политичко решение, вклучувајќи и палестинска држава во границите од 1967 година. Нивните назначувања на функциите нема многу да промени во однос на окупацијата, рече Ханија.

Тој посочи дека израелската Влада ја продолжува политиката на окупација, инвазија и насилство врз палестинскиот народ на Западниот Брег и во Газа, пренесува Анадолија.

Тој, исто така, нагласи дека има многу заеднички интереси меѓу САД и Израел.

Ханија додаде дека токму поради оваа причина тие не очекуваат никакви промени во американската политика кон Израел.

Коментирајќи ги договорите за нормализација на односите меѓу Израел и некои арапски држави, Ханија кажа дека Хамас гледа на ова приближување со длабока загриженост.

-Некои арапски земји сметаат дека нивниот легитимитет е поврзан со САД и тие сметаат дека патот кон САД минува низ Тел Авив, но тоа не е вистина, рече Ханија.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск