Хамонд предупредува дека излегување од ЕУ без договор носи „големи проблеми за Британија“

Од:

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд, по повод формалното почнување на преговорите за Брегзит, предупреди дека непостигнување договор со ЕУ, за раздружување, како и напуштањето на Унијата без договор на Лондон и Брисел „ќе и донесе големи проблеми“ на Велика Британија.

Изјавата на Хамонд доаѓа во време на политички расправии со британската опозиција, околу Брегзит и идните британско-европски односи, започнати пред предвремените парламентарни избори, а продолжени сега по неуспехот на премиерот Тереза Меј и на нејзните конзервтивци да обезбедат мнозинство во Долниот дом, за формирање стабилна влада.

Хамонд кој важи за министер што од порано се залага за „помек„ Брегзит , смета дека нема значајна разлика меѓу позициите на ториевците и лабуристите, околу Унијата и иднината на Британија, затоа што и едните и другите се согласуваат дека напуштањето на ЕУ, практично, значи напуштање и на заедничкиот пазар и на царинската унија.

Лабуристите, сепак, уверуваат дека тие „лесно и брзо„ ке се спогодат со Брисел, додека кај конзервативците не постои единство околу ова, што се гледа и по реакцијата на „најважниот „ владин министер.

„Брегзитерите„ кај конзервативците, кои ја предводеа камањата за излегување од ЕУ, уверувајќи ги гласачите дека на земјата ке и биде подобро надвор од Унијата и заговарааа тврда антиимигрантска политика, сметаат дека ако е потребно, Британија треба да се повлече од ЕУ и без да постигне договор.

Тереза Меј не се откажува од таквата определба што ја промовираа откако е во Даунинг стрит 10, а така мислат и министерот за надворешни работи Борис Џонсон и министерот за Брегзит , Дејвид Дејвис кој призна дека „половина работно време троши за една таква опција„.

Министерот за финансии Хамонд, меѓутоа, не се согласува со таквата политика на Лондон во преговорите , стравувајќи за инвестициите во Британија и за иднината на лондонскиот финансиски центар Сити, преку кој се обавуваат најголемиот број од европските финансиски трансакции и обменот на странските валути.

Предупредувањето на Хамонд од опасноста од една ваква „тврда„ опција за излегување од Унијата, доаѓа во време кога Британците не го кријат својот страв за иднината по Брегзит.

Таков страв има дури и меѓу оние кои гласаа за Брегзит, па посматрачите во Лондон со тоа го објаснуваат забрзаниот раст на приврзениците за организирање референдум за договорот што владата ке го постигне со Брисел околу раздружувањето.

Вкупно 53 отсто од британските гласачи смета дека на пролет, 2019 година, треба да има ваков референдум. Во предизборната кампања за изборите од 8 јуни за втор референдум агитираше само Либералдемократската партија, додека лабуристите на Џереми Корбин беа и се уште се против.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ