Хамнеи: Сеедно е за Иран дали ќе биде Трамп или Бајден

Од:

Иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи изјави денеска дека изборите во САД нема да ја променат политиката на Техеран кон Вашингтон.

– Нашата политика кон САД е јасно поставена и поединци не можат на ја променат. Не е важно кој ќе дојде на чело на државата, а кој заминува, истакна Хамнеи за иранската државна телевизија.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година го повлече нуклеарниот договор со Иран, по што воведе санкции против Техеран, кој одбиваше да прекине со развој на нуклеарната програма.

Демократскиот кандидат Џо Бајден вети дека доколку победи на денешните избори, ќе го обнови разговорот со Иран за нуклеарниот договор од 2015 година, ако Техеран има желба да соработува.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф вчера изјави дека сака САД да се вратат на договорот, но дека „повторното ангажирање не значи нови преговори, бидејќи ако тоа го сакавме тогаш ќе го направевме со Трамп уште пред четири години“.

– Изјавата на Бајден звучи ветувачки, но ќе почекаме и ќе видиме, нагласи Зариф.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски