Хамас прослави 35 години од основањето, лидерот Синвар предвидува „отворен конфликт“ со Израел

Од:

Стотици илјади Палестинци денеска се собраа во центарот на Газа за да ја одбележат 35-годишнината од основањето на екстремистичкото движење Хамас, чии лидери предвидоа година на „отворен конфликт“ со новата крајнодесничарска израелска Влада, која се очекува наскоро да положи заклетва.

Лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, зборуваше за „отворениот конфликт“ во паркот Катиба, каде поддржувачите ги вееја знамињата на оваа исламска организација.

Синвар кажа дека местото каде што се наоѓа џамијата Ал Акса во Ерусалим, свето и за муслиманите и за Евреите, е загрозено од „талмудска, фашистичка, ционистичка, десничарска влада“ и дека Хамас ќе одговори со сила.

Тој се закани со „бесконечен број ракети и војници“ и ја обвини колаицијата на мандатарот на новата израелска Влада, Бенјамин Нетанјаху, со ултрадесничарските и ултраортодоксните еврејски партии, дека се стремат кон „верска војна“, пренесоа светските агенции.

Синвар, исто така, го критикуваше палестинскиот претседател Махмуд Абас, лидерот на ривалското умерено движење Фатах, и повика на прекин на безбедносната соработка на Палестинската управа со Израел.

Соработката, рече тој, му штети на растечкиот отпор на израелските упади на друга палестинска територија, Западниот Брег.

Лидерот на Хамас оцени и дека Израел има „ограничено време“ за размена на палестински затвореници за посмртните останки на двајца војници убиени во војната во Појасот Газа во 2014 година.

Американскикте медиуми јавија дека пушката на едниот од нив била изложена за време на митингот.

Хамас во 2007 година со сила ја презеде контролата врз Газа, победувајќи ги силите лојални на Фатах на претседателот Абас, кој сè уште доминира на окупираниот Западен Брег.

Оттогаш, Појасот Газа е под блокада од Израел и Египет и движењето на луѓе и стоки е строго контролирано од безбедносни причини, како што тврди израелската страна.

Хамас веќе четири пати војуваше против Израел и често пати учествуваше во помали конфликти.

Анкетите на јавното мнение покажуваат дека и покрај фактот што економијата е задушена и зголемени се и страдањата на 2,3 милиони жители на Газа, Хамас е попопуларен од Фатах во Појасот Газа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хамас го одби предлогот за заложниците, сака да ја искористи ситуацијата со Иран тврди Израел

Катерина Ѓуровски

Израелците убија три сина и двајца внуци на шефот на Хамас во Газа

ВИДЕО: Хамас го одби примирјето, Израел објави кога ќе нападне на последното засолниште на Палестинците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Постигнат е напредок за примирје во Газа објави египетска телевизија

Катерина Ѓуровски

Хамас најави дека нема да се откаже од барањето за прекин на огнот во Газа

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас