Хамас отфрли можност за примирје, откри и што ќе се случи со заробените Израелци

Од:

Хамас соопшти дека Израел почнал „агресија врз цивилите“ и дека не може да се зборува за примирје.

Портпаролот на Хамас рече дека „не станува збор“ за прекин на огнот бидејќи Израел ја ескалира војната. Хазем Касем, претставник на палестинското движење, рече дека Израел започнува „агресија против цивилите“ и дека не може да се зборува за примирје.

„Рано е да се зборува за посредување бидејќи бојното поле одредува кој ја контролира ситуацијата“, изјави Касем за РИА Новости.

Касем додаде дека дискусијата за заробените израелски војници ќе започне по завршувањето на операцијата. Бригадите Ал Касам (военото крило на Хамас) претходно објавија дека заробиле десетици израелски војници и офицери.

„По завршувањето на битката, ќе разговараме за заробените израелски војници“, изјави Касем за РИА Новости и нагласи дека ова прашање е во надлежност на бригадите Ал Касам. Египетските преговарачи, според Wall Street Journal, претходно не успеале да ги убедат палестинските фракции да ги ослободат израелските заложници.

„Преговарачите не беа во можност да ги убедат палестинските фракции да ги ослободат ранетите израелски заложници“, пишува весникот повикувајќи се на неидентификувани извори од египетската влада. Се забележува дека неуспешни биле и обидите на шефот на американскиот Стејт департмент Ентони Блинкен да ги намали тензиите преку телефонски разговори со колегите од регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски