Хамас: Окупацијата на Западниот Брег би била акт на војна

Од:
Военото крило на палестинското движење Хамас, Бригадите Из ад-Дин ал-Касам, денеска предупреди дека планот на Тел Авив за анексија на делови од Западниот Брег ќе се смета за „објавување војна“ кон Палестинците, и дека Израел „ќе зажали“ поради тоа.

Портпаролот на движењето, Абу Обеида, нагласува во соопштението дека израелскиот план претставува „најголем грабеж на палестинска земја во последните децении“. Тој додаде дека „проектот на отпорот е да ја отстрани окупацијата врз историска Палестина“, нарекувајќи го планот „злосторнички“.

Заканата на Обеида доаѓа два дена откако Хамас најави дека може да ги обнови нападите врз Израел како одговор на планот за анексија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека на 1 јули ќе го претстави планот за анексија на долината на реката Јордан и сите еврејски населби на окупираниот Западен Брег, околу 30 отсто од територијата која израелската војска ја освои во војната во 1967 година.

Палестинците планираат целиот Западен Брег да биде главен дел на нивната идна независна држава, која би го опфатила и Појасот Газа, а главен град би бил Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски