Хамас објави прекин на огнот со Израел

Од:

Израел и палестинската исламска организација Хамас постигнаа договор за прекин на огнот со посредство на Египет.

Медиумите на Хамас јавија дека прекинот на огнот стапил во сила синоќа во 22 часот по локално време (21 по средноевропско).

Израелските медиуми ја пренесоа информацијата, но изостана официјална реакција. Прекинот на огнот беше објавен откако екстремисти од Појасот Газа истрелаа најмалку десет ракети кон Израел откако во израелски воздушен напад беше уништена канцеларијата на главниот лидер на Хамас Исмаил Ханија.

Извори во израелската Армија информираа дека ракетите паднале во јужен Израел во реони во близина на границата со Појасот Газа. Нема информации за жртви или нанесени материјални штети на израелска територија при ракетните напади.

Израелскиот напад врз Канцеларијата на Ханија беше одговор на ракетниот напад од Газа врз територијата Израел, при што беше погодена една куќа и ранети седум лица. За овој напад Израел го обвини Хамас, но движењето негираше каква и да било поврзаност со него.

Синоќешните ракетни напади врз територијата на Израел уследија откако Ханија најави дека Хамас жестоко ќе одговори на акциите на израелските авион врз Газа.

Ханија во писмена изјава посочи дека „палестинскиот народ нема да се предаде“ и оти „палестинските милитантни фракции ќе го одвратат непријателот доколку ја мине црвената линија“.

Би можело да ве интересира

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел