Хамас: Израел нема да има мир ако не ја запре агресијата во Газа и Ерусалим

Од:

Израел мора да ја запре својата агресија во Појасот Газа и во Ерусалим ако сака мир по 11-дневната војна на почетокот на овој месец, изјави портпарол на палестинското исламистичко движење Хамас.

Халил ал-Хаја ја даде изјавата по состанокот со шефот на египетската разузнавачка служба Абас Камел, кој денеска ја посети крајбрежната енклава по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамки на турнејата чија цел е зајакнување на примирјето со посредство на Египет.

Камел не даде јавни изјави.

Шефот на египетското разузнавање е највисок арапски службеник кој го посетил Појасот Газа од 2018 година. Покрај со Халил ал Хаја, тој се сретна и со друг лидер на Хамас, Јахја Синуар. Конфликтот меѓу Израел и палестинските групи во Појасот Газа започна на 10 мај и траеше 11 дена. Тој беше поттикнат од повеќенеделни протести и судири во Ерусалим. Вкупно над 250 лица беа убиени, повеќето Палестинци кои живееја во енклавата под контрола на Хамас.

– Разговаравме за неколку прашања, од кои најважна е потребата да се принудат окупаторските сили да ја запрат својата агресија против Газа, Ерусалим, Шеик Џара и цела Палестина, изјави Ал Хаја пред новинарите. Тој рече дека Израел мора да ја отстрани блокадата што ја воведе во Појасот Газа откако Хамас ја презеде власта во енклавата во 2007 година.

– Ако тоа се случи, мирот и стабилноста можат да се вратат, додаде Ал Хаја. Истовремено, тој ја отфрли можноста за поврзување на реконструкцијата на Појасот Газа со ослободување на двајца израелски цивили. Наместо тоа, Хамас најверојатно ќе побара ослободување на голем број Палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски