Хамас: Индонезиската болница во Газа се претвори во масовна гробница

Од:

Индонезиската болница во Газа е претворена од медицински центар во „масовна гробница“, соопшти денеска портпаролот на министерството под контрола на Хамас, Ашраф ал Кудра, пренесе Си-Ен-Ен.

Повикувајќи се на персоналот на болницата, портпаролот рече дека има трупови во сите одделенија и дека многу животи се изгубени поради недостиг на залихи.

„Пред мртовечницата има 60 тела“, рече Ел Кудра, додавајќи дека тие ќе бидат погребани во дворовите во болницата.

Си-Ен-Ен исто така јавува, повикувајќи се на својот известувач кој се наоѓа во болницата дека ситуацијата во таа институција е многу тешка.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Израел нема друг избор освен да го уништи Хамас

ИДФ: Го убивме командантот на огранокот Џенин на Палестинскиот исламски џихад

Хамас предаде уште 10 израелски заложници

Двајцата руски заложници што ги ослободи Хамас се мајка и ќерка

Израел: Хамас сериски малтретирал киднапирани деца и возрасни

ИДФ: Двајца израелски заложници се предадени на Црвениот крст