Хамас го поздрави нападот во Ерусалим во кој беа повредени 14 лица

Од:

Палестинското движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, го поздрави нападот во Ерусалим во кој се повредени 14 лица, и го смета за одговор на блискоисточниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Израелската полиција денеска соопшти дека води истрага за „терористички напад“, откако автомобил удри во толпа народ во Ерусалим при што беа повредени 14 лица.

– Операцијата за отпор во центарот на окупираниот Ерусалим е одговор на нашиот народ на планот на Трамп за уништување, се вели во соопштението на портпаролот на Хамас, Хазем Касем.

Меѓу 14-те повредени, 12 се израелски војници.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ