Халилзад: Најновиот круг преговори со талибанците беше најпродуктивен досега

Од:

Новиот круг преговори со талибанците за мир во Авганистан беше најпродуктивните до овој момент, изјави специјалниот претставник на САД, Залмај Халилзад.

-Овие шест дена беа најпродуктивниот круг преговори што сме ги воделе со талибанците досега. Постигнавме напредок за сите дискутирани прашања, изјави Халилзад вчера, непосредно пред почетокот на средбата за мир во катарскиот главен град Доха.

Од своја страна, претставникот на талибанците во Доха, Сухаил Шахин изјави дека е „задоволен од постигнатиот напредок”.

-Ние не наидовме на пречки, додаде тој.

Портпаролот на исламистичките бунтовници објави на Твитер дводневна пауза во преговорите со САД поради почетокот на дводневната општоавганистанска средба што започнува денеска во катарската престолнина. Околу 60 авганистански официјални претставници, вклучително и Талибанците, се очекуваат да учествуваат на неа.

Халилзад потврди дека преговорите за мир во Авганистан ќе бидат обновени на 9 јули.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан