Хакерски напад во американската банка „Капитал Уан“, засегнати 106 милиони луѓе од САД и Канада

Од:

Електронските системи на американската банкарска компанија „Капитал Уан“ (Capital One) се подложени на голем компјутерски напад, што доведе до истекување лични податоци на нејзините клиенти.

Како што соопшти компанијата, која е со седиште во Вирџинија, хакерот, чиј идентитет е идентификуван, добил пристап до личните информации на клиентите на банката кои аплицирале за кредитни картички.

Банката истакнува дека по истрагата може да потврди дека со упадот „се засегнати околу 100 милиони луѓе во САД и 6 милиони во Канада“.

Хакерот исто така успеал да добие пристап и до броевите за социјално осигурување на околу 140.000 клиенти и до 80.000 броеви на банкарски сметки. Сепак, тој не успеал да украде броеви на кредитни картички, соопшти компанијата.

Според „Вашингтон пост“, ФБИ уапсила осомничен за случајот. Тоа е 33-годишна жителка на Сиетл. Таа се соочува со обвинение за компјутерска измама.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат