Хакери се закануваат дека ќе објават здравствени податоци на познати Австралијци

Од:

Хакери се заканија дека ќе објават украдени здравствени податоци на илјадници австралиски познати личности, по инцидентот со информациската безбедност што Канбера го нарече „голем знак за предупредување“.

Двесте гигабајти податоци наводно биле украдени од хакери, објави Медијабанк, една од најголемите приватни здравствени осигурителни компании во Австралија.

„Тие податоци се однесуваат на местото каде што се лекувале клиентите и шифрите на болеста и постапката за лекување“, појасни осигурителот.

Хакерите се заканија оти ќе ги објават или продадат податоците, почнувајќи од илјада угледни луѓе, доколку Медиабанк не го плати откупот.

Личните податоци на околу девет милиони Австралијци, или речиси една третина од населението, беа објавени минатиот месец по хакерскиот напад на „Оптус“, вториот мобилен оператор во земјата. Кибер нападот врз „Оптус“ се смета за една од најголемите кражби на податоци во историјата на Австралија.

Министерката за внатрешни работи Клер О’Нил денеска посочи оти компјутерската безбедност повеќе не може да се зема здраво за готово.

– По „Оптус“, ова е голем знак за предупредување за земјата, истакна таа за радиото „Еј-би-си“.

Според министерката, „живееме во нов свет“.

– Отсега ќе бидеме изложени на постојани кибер напади, подвлече таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча