Хакери го нападнаа Ватсап

Од:

Хакери успеале во апликацијата за размена на пораки Ватсап да инсталираат софтвер што надгледувал одредени корисници, јави Би-Би-Си.

Ватсап, во сопственост на Фејсбук, соопшти дека хакерскиот напад бил насочен само кон „одбран број” корисници и дека во петокт го решиле проблемот и ја оневозможиле понатамошната неовластена контрола.

Тие побараа од клиентите, што се околу 1,5 милијарди долари, да ги ажурираат апликациите како дополнителна мерка на претпазливост.

Нападот бил откриен претходно овој месец, а штетниот софтвер бил изработен од израелската безбедносна компанија НСО Група.

Во изјава за Би-Би-Си од Ватсап велат дека нивниот тим за безбедност, веднаш штом го открил хакерскиот напад ги известил релевантните здруженија за човекови права, безбедносните агенции и американското Министерство за правда.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг