„Хајл Хитлер“ на разглас – шокирани патници во австриски воз

Од:

Патниците на меѓуградскиот воз на линијата Брегенц-Виена во Австрија останале запрепастени кога во возот била пуштена снимка од говор на германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер.

Покрај тоа, наместо вообичаените најави за следните станици, од разгласот во возот во неделата ечеа „Хајл Хитлер“ и „Зиг Хеил“, објави денеска Би-би-си.

Операторот соопшти дека во последните денови имало неколку вакви инциденти.

Патник на линијата Брегенц-Бич изјави за Би-Би-Си дека сите во возот биле „целосно шокирани“.

Пратеникот на Партијата на зелените, Дејвид Стегмилер, рече дека говорот на Хитлер се слушал преку разглас непосредно пред да пристигне возот во Виена.

– Прво слушнавме 30 секунди од говорот на Хитлер, а потоа „Zig Heil“ – рече Стегмилер.

Тој изјави дека персоналот на возот не можел да ја прекине снимката.

– Еден од нив беше навистина вознемирен – рекол патникот од возот.

Стегмилер рече дека добил е-пошта од маж кој бил во воз со старица која преживеала концентрационен логор, а која вели дека старицата плачела кога го слушнала говорот на Хитлер.

Стегмилер истакна дека друг патник забележал дека кога другите земји имаат технички проблеми во возовите, тоа обично се однесува на дефекти на климатизацијата и дека „во Австрија техничкиот проблем е Хитлер“.

Во соопштението испратено до Би-Би-Си, Австриските железници (ОЕББ) велат дека „апсолутно се оградуваат од содржината на пораките што се емитувале во возот“.

Како што се наведува, пријави се поднесени против две лица.

Хитлер е роден во Австрија, но емигрирал во Германија во 1913 година како млад човек.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена