Хабек со предупредување до Унгарија да не блокира воведување ембарго за руска нафта во ЕУ

Од:

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ја предупреди Унгарија да не го блокира воведувањето ембарго за увоз на нафта од Русија во Европа.

– Очекуваме сите вклучително и Унгарија да бараат решение, изјави Хабек.

Во изјава за германски медиум, Хабер изрази разочарување што ЕУ се уште не договорила ембарго за руска нафта и дека Германија е подговена да го занемари учеството на Унгарија за да се забрза постапката.

– Ако претседателот на ЕК вели да го правиме тоа како 26 држави без Унгарија, тогаш тоа е насока што би ја поддржал, изјави Хабек. Сепак, тој додаде дека не слушнал за таа опција од ЕУ.

Меѓу 27 членки на ЕУ Унгарија е најгласен критичар на планираното ембарго за руска нафта. ЕК предложи постепено укинување на увозсот на руска нафта до крајот на годината.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис