Гувернерот на Најроби уапсен поради малверзации

Од:

Гувернерот на Најроби Мајк Сонко е уапсен поради малверзации и е последен во низата приведени функционери во рамки на борбата против корупцијата во Кенија.

„Гувернерот на Најроби Мајк Сонко е уапсен и одведен на суд, соопшти Комисијата за етика и против корупција.

Сонко е обвинет, заедно со други службени лица, за нелегално примање пари и стекнување имот во вкупна вредност од 3,5 милиони американски долари (3,1 милиони евра).

Обвинителството соопшти дека собрало доволно докази против Сонко за „незаконско стекнување имот, перење пари и други економски злосторства“.

Сонко е популарен кај сиромашните граѓани затоа што воспостави противпожарна служба и брза помош за да им помогне на оние кои живеат во сиромашните средини.

Претседателот на Кенија, Ухуру Кенијати, кој беше реизбран за шеф на државата кон крајот на 2017 година, започна војна против корупцијата во земјата во која владее култура на давање и примање мито со децении. Неколку десетици високи функционери оттогаш се уапсени.

Би можело да ве интересира

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“

Повеќето од оние кои умреле од глад во култот во Кенија биле деца