Гувернерот на Луганск: Русите го зазедоа хотелот во предградието Северодонецк, но градот сè уште не е отсечен

Од:

Украинскиот гувернер на Луганск, Серхиј Хаидаи, изјави дека Северодонецк, последниот голем град под контрола на Украина во регионот, сè уште „не е отсечен“.

Хаидаи наведува дека руските сили интензивно го гранатираат Северодонецк, индустриски центар и последното големо упориште на украинските бранители во Луганск

„Гранатирањето продолжува. Руската армија го уништува градот, напаѓа со секакво оружје. Руските сили навлегоа во предградието, хотелот Мир. Не можеме да ги избркаме од хотелот, но тие имаат многу мртви. Нашите бранители ги одбиваат засега“, напиша гувернерот.

„Северодонецк не е отсечен, но камионите не можат да минуваат по патот, само автомобили. На патот од Лисичанск до Бакмут беше пукано врз многу автомобили. Опасно е да се вози по тој пат“, рече Хаидаи.

Би можело да ве интересира

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија