Гутереш: Верските лидери да се борат со штетните пораки што поттикнуваат ентонационализам, говор на омраза и конфликт

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика верските водачи да се борат со „неточни и штетни пораки“ што поттикнуваат пораст на ентонационализам, говор на омраза и конфликт во време кога во светот владее пандемија на новиот коронавирус.

Гутереш предупреди дека „екстремистите и радикалните групи се обидуваат да го искористат слабеењето на довербата во раководствата и да се хранат со ранливоста на луѓето за да ги постигнат своите цели“.

Тој додаде дека верските водачи би можеле да играат „клучна улога“ во борбата против предизвикот со коронавирусот.

Генералниот секретар посочи на вознемирувачкото зголемување на насилството врз жените и девојчињата во време кога се шири пандемијата.

Тој ги повика верските водачи категорично да го осудат таквото однесување и да ги поддржат заедничките принципи на партнерство, еднаквост, почит и сочувство.

Тој, исто така, ги повика верските водачи да се приклучат во борбата против дезинформациите за коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Обединетите нации се во ќорсокак, потребни се промени призна Гутереш

Гутереш: Време е за мир во Украина, Русија ја прекрши Повелбата на ОН

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Гутереш: 2024 година нека биде година на враќање на довербата и враќање на надежта

(ВИДЕО) Газа станува гробница за деца – очаен повик за примирје на шефот на ОН