Гутереш: Ситуацијата во Јемен е критична, на илјадници деца им се заканува глад

Од:

Јемен во моментов е соочен со непосредна опасност од најлошата глад во светот во последните неколку децении, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пренесуваат француските медиуми.

Ова предупредување, на кое му претходеа неколку други предупредувања од ОН во последните неколку недели, доаѓа во време кога САД се подговуваат на списокот на терористички организации да ги додатат и бунтовниците од племето Хути, што дополнително може да ја искомплицира испораката на хуманитарна помош за Јемен.

-Ако нема брза акција, можеме да изгубиме милиони животи, истакна Гутереш.

Тој индиректно ја спомена и заканата на САД.

-Ве молам, никој да не презема мерки што можат да ја влошат веќе и онака катастрофалната состојба, рече Гутереш.

Како причина за зголемената закана од глад, генералниот секретар на ОН го наведува „драстичното намалување на координираното финансирање од ОН во споредба со 2018 и 2019 година“, како и нестабилноста на јеменската валута и пречките што завојуваните страни им ги поставуваат на хуманитарните работници на теренот.

-Ги повикувам сите да реагираат што е можно побрзо за да се спречи катастрофа. Во спротивно можеме да очекуваме трагедија не само во загуба на човечки животи, туку и последици што постојано ќе се рефлектираат и во иднина, предупреди тој.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“