Гутереш разочаран од ветувањата на најголемите загадувачи

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е разочаран од досегашните ветувања на најголемите светски емитенти на гасови со ефект на стаклена градина за намалување на нивниот удел во растечките температури на планетата.

– Но иницијативата на Европската унија за „зелен пакт“ би можела да направи блокот од 28 земји да стане светски првак, кој ќе ги поттикне останатите големи загадувачи во истиот правец, изјави Гутереш за американските медиуми на првиот од 12 дена разговори во Мадрид, каде се прави напор да се зголеми акцијата против климатските промени, пренесува Танјуг.

– Убеден сум дека Европа ќе биде во состојба да преговара со Кина, САД, Русија на начин што на сите ќе им овозможи да сфатат дека тоа мора да биде колективен напор и оти сите ќе мора да ги коригираат своите политики со цел да бидеме во можност драстично да ја намалиме емисијата штетни гасови, посочи Гутереш.

Тој уште дополни дека зависноста од јаглен во длеови на Азија би можела да ја поткопа климатската акција.

Генералниот секретар нагласи дека е „фрустиран“ поради спорите промени и повтори дека треба да се дејствува радикално и итно.

– Парискиот договор за климата од 2015 година е сериозно ветување за жителите во целиот свет… Да покажеме политичка волја како што народот очекува од нас. Да се прави помалку значи предавство на целото човештво и на сите идни генерации, наведе Гутереш.

Во Мадрид денеска почнува Меѓународната конференција на Обединети нации за климата (ЦОП25) и ќе трае две недели.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија