Гутереш огорчен поради нападот во Либија, повика на итна истрага

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е огорчен поради воздушниот напад врз центар за мигранти во либискиот главен град Триполи во кој загинаа десетици мигранти и бегалци, и повика на итна независна истрага, изјави неговиот портпарол.

Гутереш исто така забележа дека точни координати на центарот за мигранти биле доставени на завојувани страни, изјави портпаролот на ОН Стефан Дујариц.

Советот за безбедност на ОН подоцна треба да се состане зад затворени врати во врска со нападот во Либија, потврдија дипломати во Њујорк.

Најмалку 44 луѓе загинаа, а 130 се ранети во воздушен удар врз центар за мигранти во либискиот главен град Триполи, соопшти денеска мисијата на ОН во таа земја.

Според претставник на центарот, нападот бил извршен од силите на Халифа Хатар кои од пред три месеци се обидуваат да го заземат Триполи.

Пратеникот на ОН за Либија Гасан Саламе го осуди нападот, за кој рече дека „достигнува ниво на воено злосторство“.

По нападот, УНХЦР побара мигрантите, кои се обидуваат да го преминат Медитеранот, повеќе да не се враќаат во Либија.

Во Триполи е базирана меѓународно признатата влада на национално единство на премиерот Фаез Сараџ. Во моментот на нападот во центарот имало над 120 мигранти.

Би можело да ве интересира

Лекари без граници: Потона брод со 100 мигранти во близина на Либија

Помпео загрижен за ситуацијата во Либија

Ана Ололовска

Над 60 луѓе повредени во серија бомбашки напади во Џалалабад

Гутереш го осуди терористичкиот напад на свадба во Кабул

Ана Ололовска

ОН: Од Втората светска војна немало толку бегалци

Ана Ололовска

Едно лице загина при напад на аеродромот во Триполи