Гутереш: Невработеноста меѓу младите е алармантна во светот

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш го претстави глобалниот акциски план во врска со човековите права, порачувајќи им на владите на земјите во светот итно да ги стават во фокусот на својата работа доколку сакаат да обезбедат стабилност, економски раст и иднина за целата планета.

Гутереш го претстави планот на отворањето на 43-та седница на Советот за човекови права на ОН во Женева затоа што, како што рече, тие се сериозно изложени на ризици и напади во многу земји.

– Луѓето се сериозно исклучени и дискриминирани. Расте стравот. Поделбите се се поголеми. Луѓето сакаат да знаат дека сме на нивна страна, рече Гутереш.

Во неговиот акциски план е наведено дека земјите мора ефикасно да ги штитат човековите права во период на криза, терористички напади и природни катастрофи.

Гутереш исто така предупреди дека новите технологии многу често се користат за кршење на правата и приватноста, повикувајќи на поголема борба против надзорот, кибер-нападите и ширењето на омразата.

Тој истакна и дека треба да се преземат одредени мерки за да се намали високата невработеност кај младите луѓе во светот.

– Ние сме свесни дека глобалниот глад е во пораст, а невработеноста кај младите е алармантна, рече Гутереш.

Инаку, 43. седница на Советот за човекови права на ОН завршува на 20 март.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска

Русија денеска го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

Ана Ололовска