Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук

Од:

Светот се соочува со закана од нова студена војна со нуклеарен призвук и наплив на екстремен национализам, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во говорот пред дипломирани студенти на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси.

Меѓу бројните глобални закани, Гутереш ги посочи климатските промени, растечките социјални нееднаквости и ширењето на глад и болести, предупредувајќи ги американските дипломци дека светот во кој влегуваат е „полн со опасности“.

– Се соочуваме со конфликти и поделби во размери што не се видени со децении. Од Јемен до Сирија, од Етиопија до Сахел и пошироко, рече Гутереш, мислејќи на конфликтот во Украина, кој според него „предизвикува големо човечко страдање, уништување и смрт“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата