Гутереш: Мултилатерализмот е поважен од кога било

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека светот не може да ги совлада големите предизвици што му се закануваат без силно мултилатерално владеење.

– Денешните проблеми се глобални проблеми и ниту една држава не може сама да ги реши. Потребна ни е меѓународна соработка за да би реагирале на климатските промени, за да се справиме со последиците од дигитализацијата и за да ги решиме сериозните проблеми со тероризмот и криминалот ширум светот. Поради тоа мултилатерализмот денес е поважен од кога било, посочи Гутереш во интервју за „Дојче веле“.

Тој осврнувајќи се на ситуацијата во Сирија наведе дека е добро што е формиран Уставен одбор за Сирија, но оти тоа се уште не е политичко решение што мора да биде врз основа на одлуката на Советот за безбедност.

– Покрај тоа, сите држави вмешани во судирот во Сирија мора да признаат дека своите интереси треба да ги остават на страна и заеднички да работат на ставање крај на ситуацијата, поради што толку многу Сиријци се изложени на неподносливи страдања, посочи Гутереш.

Тој укажа дека е неопходно почитување на човековите права, а кога станува збор за малцинствата мора да постои политика за зачувување на идентитетот.

Гутереш се осврна и на претстојната Конференција за климата, што ќе се одржи од 2 до 13 декември во Мадрид, при тоа истакнувајќи дека е важно да се оствари напредок за членот шест од Парискиот договор, бидејќи „светот се наоѓа во ситуација во која би можел да ја изгуби трката со времето“.

– Но, земјите учеснички, вклучително и нивните претприемачи, но и претставници на цивилното општество, би морале пред се да покажат дека имаат сериозни намери во надминување на моменталната ситуација што е неподнослива. Емисиите на штетни гасови и понатаму растат, посочи Гутереш, додавајќи дека е неопходна политичка волја за успешна борба против климатските промени.

Би можело да ве интересира

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за Газа