Гутереш: Коронавирусот може да турне уште 100 милиони луѓе во екстремна сиромаштија

Од:

Коронавирусот го разоткри „кревкиот скелет“ на општествата и може да турне уште 100 милиони луѓе во екстремна сиромаштија, изјави денеска генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Говорејќи на 102-годишнината од раѓањето на Нелсон Мандела, првиот црнец претседател на Јужна Африка, Гутереш рече дека коронавирусот „го става центарот на вниманието“ врз глобалната неправда.

– Бевме поставени на колена од микроскопски вирус. Пандемијата ја демонстрира кревкоста на нашиот свет, рече Гутереш за време на виртуелното спомен одбележување организирано од Фондацијата „Нелсон Мандела“, со седиште во Јоханесбург.

Тој посочи дека економската криза поради пандемијата на вирусот Ковид-19, од кој се заразени повеќе од 14 милиони луѓе, а починати се речиси 600.000 луѓе ширум светот, се чувствува непропорционално.

– Ние сме исправени пред најдлабоката глобална рецесија по Втората светска војна. Нови сто милиони луѓе можат да бидат туркани во екстремна сиромаштија. Можеме да видиме глад од историски размери, рече Гутереш.

Тој истакна дека 26-те најбогати луѓе во светот имаат исто толку богатство колку половина од светската популација.

– Но, приходот, платата и богатството не се единствените мерки за нееднаквост, додаде тој.

Според него, луѓето веќе го изгубиле трпението поради очигледни разлики и дискриминација во општествата.

– Коронавирусот исто така создаде можност светските лидери да изградат порамноправен и одржлив свет. Ние сме на пресвртница. Но, знаеме на која страна од историјата се наоѓаме, истакна Гутереш. 

Би можело да ве интересира

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за Газа