Гутереш ја назначи Стефани Вилијамс за советничка за Либија

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја назначи американската дипломатка Стефани Вилијамс за специјален советник за Либија, пред се за поддршка на одржувањето на претседателските избори закажани за 24 декември, изјави денеска портпаролот на светската организација Стефан Дижарик.

Именувањето доаѓа по оставката на поранешниот специјален пратеник на ОН за Либија Јан Кубис.

Вилијамс до почетокот на оваа година беше вршител на должност претставник на ОН во Либија, а според Дижарик, таа во наредните денови ќе се врати во Триполи како специјален советник.

Тој истакна дека тоа ќе ги води напорите за посредување меѓу Либијците и регионалните и глобалните актери вклучени во решавањето на политичката и безбедносната криза во Либија и ќе го поддржи продолжувањето на дијалогот за политички, безбедносни и економски прашања.

Би можело да ве интересира

Светот не може да си дозволи уште една војна предупреди Гутереш

Катерина Ѓуровски

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Обединетите нации се во ќорсокак, потребни се промени призна Гутереш

Гутереш: Време е за мир во Украина, Русија ја прекрши Повелбата на ОН

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он