Гутереш: Изгледите за мир се се помали

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази страв дека војната во Украина ќе се прошири, во забелешките до Генералното собрание на ОН во Њујорк, во време кога војната се доближува до својата прва годишнина.

– Руската инвазија врз Украина нанесува невидени страдања на украинскиот народ, со длабоки глобални импликации, рече Гутереш.

– Изгледите за мир продолжуваат да се намалуваат. Шансите за понатамошна ескалација и крвопролевање продолжуваат да растат. Се плашам дека светот сега месечари во поширока војна. Се плашам дека тоа го прави со широко отворени очи, додаде тој.

Осврнувајќи се на имплицитната руска закана за употреба на нуклеарно оружје, тој рече: „На светот му треба мир. Таканаречената ’тактичка‘ употреба на нуклеарно оружје е апсурдна. Ние сме изложени на најголем ризик од нуклеарна војна во последните децении, што може да започне случајно или планирано“.

Би можело да ве интересира

МААЕ: Во близина на Запорожје има се повеќе конфликти, се зголемува ризикот од нуклеарна несреќа

Ана Ололовска

Европски шампион загина во Украина: Од боксерскиот ринг отиде во првата линија, загина по тешки борби!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Русија: Во Украина првпат срушивме американска паметна бомба

Ана Ололовска

Македонија не може да биде неутрална кога Русија го загрозува светскиот мир, вели Османи

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Украина ги доби британските тенкови „Челинџер“

Катерина Павлова-Николовска

Русите наводно го смениле командантот кој беше тешко поразен во голема тенковска битка