Гутереш: Источна Гута не може да чека, време да се запре овој пекол на Земјата

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутереш денеска апелираше до сите вмешани страни во судирот во Сирија да прогласат 30-дневно примирје во цела земја во согласност со усвоената резолуција.

– Источна Гута не може да чека, крајно време е да се запре овој пекол на Земјата, истакна Гутереш на почетокот на седницата на Советот на ОН за човекови права во Женева.

Во меѓувреме, сириските бунтовници соопштија дека едно дете загина во Источна Гута, при напад на сириските владини сили за кој се претпоставува дека е извршен со хемиско оружје.

Истите извори, како што информира Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, посочуваат дека 14 лица се пожалиле на проблеми со дишењето откако авион на сириското Воено воздухопловство го нападнал селото Ал Шофаните во реонот на Источна Гута.

Сириската Влада досега жестоко ги отфрлаше сите обвинувања за напади со хемиско оружје. Бунтовниците претходно обвинија дека сириските владини сили извршиле напади со хлор во Источна Гута и на 13 и на 22 јануари, но таквите обвинувања не беа потврдени од неутрални извори.

Обвинувањата за наводен напад со хлор извршен вчера врз последното упориште на бунтовниците во близината на Дамаск, доаѓа по усвојувањето на Резолуцијата на Советот за бебзедност на ОН во саботата, со која се повикува на итно прогласување на 30-дневен прекин на огнот во Сирија, со цел да се овозможи достава на хуманитарната помош и да се изврши медицинската евакуација.

Претходно, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон соопшти и дека најмалку 10 цивили загинале денеска при воздушни и артилериски напад на сириските владини сили врз Источна Гута.

Истиот извор наведува дека деветмина од загинатите, меѓу кои и три деца, се членови на едно семејство.

Сириските владини сили минатата недела започнаа жестоки воздушни и артилериски напади врз Источна Гута, што беше оценето како подготовка за копнена операција на врз територијата од околку 100 километри квадратни, што е под контрола на бунтовниците.

Во осумдневните напади на владините сили врз Источна Гута загинаа над 500 цивили.

Источна Гута е предградие на Дамаск, кое од 2013 година е под контрола на бунтовниците. На оваа територија, опколена од владините сили, живеат околу 400.000 лица.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение