Иран во целост го спроведува меѓународниот договор од 2015 година за неговата нуклеарна програма, се наведува во извештајот на генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, доставен до Советот за безбедност.
Во извештајот не постои одговор на прашањето дали биле ирански ракетите, истрелани против Саудиска Арабија од страна на бунтовниците Хути во Јемен.
– Тој Договор е најдобар начин да се обезбеди дека иранската нуклеарна програма е само за мирољубиви цели. Неодамнешното одбивање на претседателот на САД Доналд Трамп да потврди дека Иран ги почитува обврските од нуклеарниот договор, за жал создаде значителен сомнеж за иднината на овој договор, склучен меѓу Иран и шестте големи сили – САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија, наведе Гутереш