Гутереш: Има уште многу работа со извозот на храна за Украина

Од:

Договор меѓу две страни постигнат во жесток конфликт. Тоа е без преседан и во однос на обемот и според бројот, но имаме уште долг пат да одиме на многу фронтови, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Одеса.

Тој потврди дека останува уште многу да се направи за да се обезбеди глобален пристап до украинските прехранбени производи и руската храна и ѓубрива, откако беше постигнат договор за извоз на храна со посредство на Турција и ОН.

Повика на непречен пристап до руската храна и ѓубриво кои не се предмет на санкции на светските пазари, пренесува „Ројтерс“.

Гутереш изјави дека електричната енергија произведена во нуклеарната централа во Запорожје, која е под контрола на руските сили, ѝ припаѓа на Украина и бара целосно да се почитува овој принцип.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ