Гутереш: Граѓанска војна во Либија ќе предизвика хуманитарен кошмар

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја повика меѓународната заедница итно и решително да реагира со цел да се спречи граѓанска војна од големи размери во Либија, што би имало катастрофално влијание врз целиот регион.

На отворањето на меѓународната конференција за Либија во Берлин, тој рече дека нема воено решение за Либија.

„Сега е време за неодложна и одлучна акција за да се спречи граѓанска војна од големи размери“, рече тој.

Гутереш предупреди дека таков конфликт ќе предизвика „хуманитарен кошмар“ и оти земјата ќе биде „ранлива поради постојани поделби“.

Тој потсети дека илјадници луѓе се убиени или повредени за време на конфликтот во Либија, а околу 170.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Гутереш: Убиството на повеќе од 100 Палестинци во Газа бара ефективна независна истрага

Шефот на ОН: Палестинската агенција за бегалци е столбот на хуманитарниот одговор во Газа

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он