Гутереш го испраќа Жан Арно за личен пратеник во Боливија

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш одлучи дипломатот Жан Арно да го испрати за личен пратеник во Боливија, во обид да ги поддржи напорите за изнаоѓање морно решение за политичката криза во земјата.

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик изјави дека пратеникот денеска ќе отпатува за Боливија.

Арно досега бил специјален претставник на ОН во Колумбија, Грузија, Авганистан , Буринди и Гватемала.

Дижарик кажа дека Гутереш „останува длабоко загрижен заради случувањата во Боливија“ и дека „ го повторува апелот до сите Боливијци да се воздржат од насилство и да покажат крајна воздржаност“.

Портпаролот на ОН наведе дека пред именувањето на Арно биле одржани бројни консултации со различни страни.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска