Гутереш ги повика на воздржаност и демонстрантите и полицијата во САД

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика учесниците во протестите за смртта на Џорџ Флојд мирно да го изразат своето незадоволство, а американските власти да се воздржат во постапувањето со демонстрантите.

– Во САД, како и во секоја земја во светот, различноста е богатство, а не закана, но успехот на општествата што негуваат разновидност во секоја земја бара големи инвестиции во социјалната рамнотежа, рече Гутереш.

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, рече дека Гутереш додал оти успехот на таквите општества значи мобилизирање на сите нивоа на власт и сите сектори на општеството со цел „ ублажување на различностите, борба против евентуална дискриминација, зајакнување на социјалната заштита и обезбедување на можности за сите“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски