Гутереш: Државите треба да ја поддржат политиката на зелените

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ги повика националните влади решенијата за настраданата економија од пандемијата со новиот коронавирус да ги насочат кон борбата со климатските промени, што е всушност горлив проблем.

Гутереш по повод 5-годишнината од Денот на Земјата, ги повика владите да ја укинат финансиската помош за индустриите што всушност ја уништуваат планетата.

– Овој Ден на планетата Земја сите очи се вперени кон пандемијата со Ковид-19, што е најголем тест за светот од Втората светска војна. Меѓутоа постои и друга подлабока и поважна ситуација, еколошката криза на планетата што е во тек, истакна Гутереш

Гутереш откако ја презеде функцијата генерален секретар на ОН во 2017 година истакна дека климатските прашања се негов главен приоритет. Тој истакна дека владите треба да ги користат своите фискални инструменти за да водат промена од сива во зелена економија.

– Кога парите за даночните обврзници ќе се насочат кон спас на економијата, тогаш тоа мора да биде поврзано со создавање зелени работни места и одржлив развој. Јавните средства треба да се користат за иднината, а не за минатото и со само тоа да се свртиме кон одржливи сектори и проекти што помагаат на околината и климата, истакна Гутереш.

Денот на планетата Земја се одбележува од 1970 година, но овој пат поттикна многу компании, политичари и економисти да ги повикаат владите на зелено закрепнување од пандемијата.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство