Гугл ќе уплати 25 милиони долари во Фондот на ЕУ против лажните вести

Од:

Гугл ќе уплати 25 милиони долари во новоформираниот Европски фонд за медиуми и информации за борба против лажните вести. Гугл ова го објави во контекст на критиките дека технолошките гиганти не прават доволно за да ги откријат дезинформациите на Интернет.

Пандемијата на Ковид-19 и минатогодишните избори во САД предизвикаа зголемување на дезинформациите, а многумина ги критикуваат социјалните медиуми дека не се поактивни во решавањето на проблемот. Регулаторите најавија дека можат да воведат строги ограничувања.

„Доживувајќи ја неизвесноста и предизвиците во изминатата година, се покажа дека е поважно од кога и да е луѓето да имаат пристап до точни информации и да можат да разликуваат факти од фикција“, изјави претставникот на Гугл, Мет Бритин, во објава на блог.

Фондот ќе работи пет години. Европската опсерваторија за дигитални медиуми, проект на Европската комисија формиран минатата година, кој вклучува експерти за верификација на информации и универзитетски истражувачи, ќе оценува и избира проекти.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Членство во ЕУ за подобар животен стандард, наместо изолација

Шаленберг: ЕУ пред 20 години му вети членство на Западен Балкан, не смее Украина да влезе преку ред

Мишел: Ако ЕУ не постави цел, никогаш нема да сме подготвени за прием на нови членки

Ковачевски: Ако ги донесеме одлуките ќе бидеме првата земја којашто ќе стане членка на ЕУ во 2030

Премиерот и министрите на трибини ќе убедуваат колку е убаво во ЕУ: Почнува кампањата од 80.000 евра

Орце Костов

Европската комисија контра Шарл Мишел: Не сме фокусирани на проширување на ЕУ до 2030 година

Орце Костов