„Гугл“ и „Фејсбук“ повикани на сослушување во руската Дума

Од:

Американските технолошки компании „Гугл“ и „Фејсбук“ денеска беа повикани од руската Дума, Парламентот на Руската Федерација, на сослушување во комисија што истражува наводна вмешаноста на странски земји во внатрешните работи на Русија.

Од „Гугл“ и „Фејсбук“ засега нема одговор дали планираат да испратат свои претставници на сослушување во Русија.

Според некои членови на новосоздадената Комисија за истрага на факти за странска вмешаност во внатрешните работи на Русија, пребарувачот и социјалната мрежа обезбедувале платформа на странски актери за незаконско постававување политичка реклама.

Од „Гугл“ претходно изјавија дека компанијата во Русија нема политичка агенда, работи според руските закони и поддржува одговорна политичка реклама.

Оваа комисија претходно на сослушување повика претставници од германскиот медиум „Дојче веле“. Оттаму изјавија дека медиумот одговара пред законите на Германија и поради тоа „нема правна основа“ за учество во седница на комисија во Думата.

Во меѓувреме, американскиот Конгрес забрзано подготвува анти-монополски предлог-закон за разбивање на монополот на овие компании во технолошпка-комуникациската сфера на Интернет.

Според познавачите, законот ќе биде по терк на легислатива воведена при крајот 1990-те години со што се укина монополот на Мајкрософт.

Компанијата тогаш ги истисна конкурентите не дозволувајќи инсталација на софтвер на други компании, како пребарувачи и други програми, на персонални компјутери со „Виндоус“, оперативниот систем на Мајкрософт.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија