Гугл, Фејсбук и Твитер дозволиле лажна статија да се појави за крвопролевањето во Лас Вегас

Од:

Фејсбук, Гугл и Твитер дозволиле статија со лажна содржина за извршителот на масовното убиство во Лас Вегас во неделата навечер.

Статијата била објавена првично на социјалната мрежа 4chan во која се главно се приврзаници на американската десница, наречена Алт-рајт (Alt-Right).

Во написот бил именуван убиецот, но името било поинакво од Стивен Падок – вистинскиот извршител на нападот во кој беа убиени 59 луѓе и ранети над 500. Во статијата се тврдело и дека тој е симпатизер на деморкатите, но тоа се однесувало на погрешно посочениот убиец.

Откако американски медиуми забележале дека статијата на 4chan е поставена во пребарувачи, Фејсбук, Твитер и Гугл ја избришале.

– Таа статија не требало да се појавува никаде како резултат во пребарувачи и ние ќе направиме ново подобрувања за да не дозволиме такви работи во иднина, наведува Гугл во писмо до медиуми.

Би можело да ве интересира

Фотографии од најскапиот хотелски апартман во светот

Полицијата во Лас Вегас истражува обвиненија за силување против Роналдо

Кристијан Ландов

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Ана Ололовска

Лас Вегас: 45 луѓе се уште хоспитализирани по нападот на 1. октомври, дел од нив во критична состојба

Наум Локоски

Ненси Синатра повика да бидат стрелани членовите на НРА

Наум Локоски

Градоначалничката на Лас Вегас за напаѓачот: Нека изгние

Ана Ололовска