Грузискиот претседател ја осуди Русија како окупатор

Од:

Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили денеска ја осуди Русија поради тоа што, како што рече тој, незаконски окупирала дел од земјата.

Во говорот на церемонијата по повод заедничките воени вежби на Грузија, САД и неколку други земји на НАТО, Маргвелашвили рече: „Денеска вие сте на територијата на една земја, на која дваесет проценти и се апсолутно незаконски окупирани од нашиот сосед Русија”.

Во август 2008 година, Русија и Грузија водеа војна поради отцепената грузиска област Јужна Осетија. Москва продолжува да го одржува својот гарнизон во Јужна Осетија и да го поддржува другиот отцепен регион Абхазија. Русија ги призна овие две територии за независни држави.

Вежбата „Благороден партнер“ (Noble Partner) се одржува во Грузија по четвртипат. Во минатото, Москва оцени дека воената вежба го дестабилизира регионот.

Оваа година во „Благороден партнер“, во базата „Вазилиани” во близина на Тбилиси, учествуваа 1300 војници од Грузија, 1170 американски војници и неколку стотици од осум земји-членки на НАТО. Азербејџан, Ерменија и Украина, исто така, испратија своја војска.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски