Грузискиот парламент ја обнови работата по растерувањето на демонстрантите

Од:

Грузискиот Парламент ја обнови својата работа откако демонстрантите, кои од синоќа ги блокираа неговите влезови, беа остранети оттаму, пренесе Тасс.

-Жално е што дел од опозицијата и нејзините претставници повторно ги поведоа нивните поддржувачи и со мирниот протест го нарушија законот. Притоа во предвид го имам блокирањето на парламентот, изјави неговиот претседател Арчил Талаквадзе, кој ја раководи седницата на Бирото на законодавниот дом.

Само пратениците од владеачката партија „Грузиски сон – демократска Грузија“ учествуваат во работата на парламентот. Опозициските партии „Обединето национално движење“ и „Европска Грузија – Движење за слобода“ ја бојкотираат работата на законодавниот дом.

Спикерот на парламентот ги обвини претставниците на опозицијата за ескалацијата на тензиите и избегнување на дијалогот.

-Дел од парламентарната опозиција создаде човечки синџир на вратите на парламентот. Сакам да напоменам дека тоа се луѓе кои некогаш ставија катанец и синџир на правата на човекот, медиумите, приватната сопственост, институциите и идејата за слобода на земјата. Сето тоа благодарение на монополизираните медиуми, кои тие ги претставијаа како демократија и независност, рече Талаквадзе на заседанието на парламентарното биро.

Претседателот на парламентот со себе донесе и синџир и катанец, што беа закачени врз вратите на парламентот.

-Сакам симболично да им го предадам овој пресечен синџир како спомен, што го изразува нивниот пристап и вредности во однос на граѓаните и државата, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски