Грузиската претседателка ја обвини руската „петта колона“ за немирите во земјата

Од:

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили ја нарече Русија „непријател и окупатор“, чија „петта колона“ е одговорна за насилните немири поради што постои опасност од поделба во таа поранешна советска земја.

Коментарите на претседателката објавени во соопштението дојдоа по насилните сцени во главниот град на Грузија Тбилиси, кога полицијата употреби солзавец и испука гумени куршуми за да ги спречи демонстрантите да влезат во Парламентот.

Во судирот, за кој Москва ги обвинува радикалните политички сили на Грузија за ширење анти-руски ставови, повредени се десетици луѓе.

Демонстрантите беа огорчени поради посетата на Сергеј Гаврилов, член на Долниот дом на рускиот Парламент. Тој им се обрати на присутните на руски јазик од местото на кое седи претседателот на Парламентот на Грузија. Тој потег ги налути некои политичари и Грузијци, кои се обидуваат да се дистанцираат од Русија.

-Русија е нашиот непријател и окупатор. Нивната петта колона може да биде поопасна од отворена агресија, напиша на Фејсбук Саломе Зурабишвили..

-Само Русија ќе има корист од поделба во земјата и општеството и внатрешен конфликт, а тоа денеска е најмоќното оружје, вели таа.

Влијанието на Русија во Грузија и натаму останува чувствително политичко прашање. Оваа мала земја, сојузник на САД, ја изгуби кратката војна со Москва во 2008 година.

Двете земји оттогаш не воспоставија дипломатски врски, а Русија ја призна независноста на двата отцепени региона, Јужна Осетија и Абхазија, каде што сега се стационирани руски воени сили.

Зурабишвили, која е во посета на Белорусија, планира да ја скрати посетата поради настаните во Грузија, соопшти нејзината портпаролка.

Демонстрантите велат дека планираат да излезат на улиците и вечерва.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски