Грузија: Поради коронавирусот четирите најголеми градови од утре ќе бидат затворени

Од:

Грузија ќе изолира четири главни градови за 10 дена, вклучувајќи го и главниот град Тбилиси, од утревечер во 21 часот утревечер во обид да го спречи ширењето на заразата со новиот коронавирус. Тоа го најави денеска премиерот Гиорги Гахарија.

Премиерот рече дека вонредната состојба ќе биде продолжена до 10 мај.

Освен Тбилиси, ќе бидат затворени и градовите Батуми, Кутаиси и Рустави.

Поради пандемијата, од 21 март до 21 април, Грузија е во вонредна состојба. Две области во државата – Марнеулски и Болниски – се прогласени за строга карантин-зона и забрането е влегување и напуштање.

Слободното движење е забрането во земјата од 31 март, а полицискиот час е од 21 часот до 6 часот наутро.

Според последните податоци, во Грузија има 296 случаи на заразени со новиот коронавирус. Повеќе од 4.800 луѓе се во карантин, а 458 се хоспитализирани.Тројца починаа од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска