Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за членство во ЕУ

Од:

Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за пристапување во Европската унија, што претставува важен момент со кој се означува почеток на долгиот процес до полноправно членство. Прашалниците ги добија од комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, јави ДПА.

dobivaj vesti na viber

Документот е „првиот чекор на вашиот европски пат“, му рече Вархеји на грузискиот министер за надворешни работи Илија Дарчијашвили на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Документот служи како основа за пристапните разговори во ЕУ за апликантите. Молдавија и Грузија аплицираа за членство во Унијата откако Русија ја нападна Украина.

Украина, исто така, поднесе барање за членство поради руската инвазија. Во знак на солидарност, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен лично го достави прашалникот во Киев во петокот.

извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вархеји: БиХ би можела да добие кандидатски статус следниот месец

Катерина Павлова-Николовска

Несогласување во ЕУ, уште нема договор за горната граница на цената на руската нафта

ЕУ подготвува деветти пакет санкции против Русија: „Ќе ги удриме каде што боли“

А1он

Половина Молдавија остана без струја, се молат граѓаните да останат смирени

А1он

Тревога во Киев по голем број експлозии: Прекини на струја и во Молдавија

А1он

ЕУ ја прогласи Русија за покровител на тероризмот

А1он